
Нема ден без врсничко насилство
Нема ден без врсничко насилство во училиштата.
Средношколците апелираат надлежните, родителите и наставниците повеќе да работат на решавањето на овој проблем, затоа што честопати потсмевањето и навредите не се сфаќаат сериозно и не се сметаат за насилство.
Тие сметаат дека е потребно директно да се вклучени во борбата против насилството во училиштата.
Само така велат може да се подигне свеста на луѓето низ каков пекол поминуваат средношколците секој ден на училиште.
Од првата детска амбасада Меѓаши ги охрабруваат да пријавуваат ако се мета на врсничко насилство или пак познаават некој кој е жртва.
Според нивното досегашно искуство родителите се тие што најчесто пријавуваат кога нивното дете е малтретирано на училиште.
Денеска средношколци од неколку гимназии од Скопје и Велес одиграа театарска претстава за меѓуврсничкото насилство.
Тие се договориле дека ќе поканат публика до која сакаат да стигне пораката. Па така денеска во салата седеа– ученици, професори, полицајци и претставници од центри за социјална работа.
Теодора Цветковска