Нема да има упис на универзитетите без државна матура

Средношколците кои немаат положено државна матура не можат да конкурираат на еден од универзитети во земјава. Закон за високо образование донесен лани во мај е дециден. Министерот за образование и наука, Арбер Адеми денеска со став дека ги разбира барањата на овие матуранти, но им порача дека  законските прописи мора да се почитуваат и да важат подеднакво за сите.

Над стотина матуранти со положена училишна матура, а не и државна од источниот регион сметаат дека шансата за упис на еден од факултетите ја испуштиле во првиот уписен рок. . На нивното барање за уписи и со училишна матура им се приклучија и сопствениците на студентските домови.Останува надежта дека во текот на оваа недела ќе имаат средба со министерот , со цел да се ги поднесат документите во вториот уписен рок.

Првиот уписен рок на универзитетите во земјава завршува претстојната седмица. На штипскиот универзитет уписите се до утре, по што следи периодот на објавување на реузулатите, а веднаш потоа почнува и вториот уписен рок.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ