Нема амнестија за директните учесници во настаните од 27 април

Постигната е согласност за процесот на помирување. Правните експерти ќе треба да ги утврдат насоките во кои ќе се подготви законот. Амнестија за дирекно инволвираните во настаните од 27 април нема да има. Мора да се направи јасна дистинкција што е насилство а што не.

Координативното тело формирало три подгрупи кои најдоцна до вторник треба да излезат со свои предлози и решенија.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму одбива да учествува во работата на координативното тело, со образложение дека тоа има улога на порамнување. Бараат целосна а не делумна  амнестија. Доколки било кое законско решение на координативното тело понуди одговор на политичкиот прогон што и се случува на партијата, тогаш тие ќе го подржат.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ