Нелегални преминувања на јужната граница – репортажа на Телма од Моин

Гевгелиско Моин, погранично село чии ниви граничат со грчките. Мирно и мало. Но, неговата околина е раздвижена особено навечер. Кога стотици мигранти се обидуваат незабележано да ги поминат границите. Мите е чувар на депонијата кај Конско. Вели дека оваа рута никогаш не згаснала. Самиот сведочи дека честопати пријавува големи групи  луѓе
кои го ризикуваат животот пешачејќи кон северната граница на државата. Според полициските билтени, неделно се фаќаат стотици мигранти на различни локации, сами или со криумчари кои им помагаат да стигнат до Србија.

Бројката на тие што успеваат да поминат е сигурно најмалку иста или поголема. Транзитниот центар Винојуг е празен. Нема никој освен полициските службеници и членовите на хуманитарните организации кои дежурааат тука.

Сепак, ја следат состојбата и се подготвуваат за евентуални промени. Просторот пред центарот е полн со одземени возила на криумчари. Според изјавите на мигрантите кои биле фатени од полицијата, цената што ја плаќаат на криумчарите за да ги пренесат до српската граница се движи од 500 до 1000 евра  по лице.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ