
Неизвесно е дали четирите фирми на функционери ќе добијат државна помош
Фондот за иновации воведе прашалник за фирмите кои ќе бараат државна помош. Во него ќе треба да одговорат дали меѓу сопствениците на фирмите има функционер. Таква изјава ќе треба да пополнат и четирите фими кои аплицираа на првиот оглас а за кои е утврдено дека имаат газди функционери. Со ова не се исклучува можноста сепак тие да ја добијат помошта, но и во иднина и други такви фирми да аплицираат.
Во земјава за сега се уште не е достапен регистар функционери кои имаат и приватен бизнис. Во недостиг на контролни механизми, за здруженијата за спречување корупција ова е добро алтернативно решение.
Инаку за скандалот се дозна преку медиумите откако објавија дека вицепремиерот Кочо Анѓушев но и пратеникот на СДСМ Хари Локвенец имаат сопственички удел во фирми кои беа меѓу избраните за субвенционирање од Фондот за иновации. По ова тие најавија дека ќе се повлечат.
Билјана Николовска