
Неизвесно дали со претседателските ќе се одржат и парламентарни избори
Предвремените парламентарни избори се единствен спас за Македонија порачаа и денеска од ВМРО ДПМНЕ. Опозиционата партија смета дека владејачката СДСМ вчера избегала да донесе одлука за распишување предвремени парламентарни избори затоа што се исплашени дека нарадот нема да им даде поддршка. Обвинија дека паритијата му ја оставила одлуката на лидерот Заев кој ќе бира меѓу интересите на народот и државата од една страна и криминалот од друга страна и сметаат дека ако не се распишат и предвремени паралментарни избори, ќе има сериозен грабеж на гласови на претседателските.
Централниот Одбор на СДСМ ноќеска го овласти највисокото раководство на партијата да ја донесе одлука дали заедно со претседателските избори ќе се организираат и предвремени парламентарни избори. Извршниот одбор ќе се состане следната недела, а каква и да биде одлуката СДСМ оди на победа на било какви избори, рече генералниот секретар Кирацовски, кој потврди дека на вчерашната седница се водела дебата ЗА и Против предвремени избори.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска беше на трибината во Велес посветена за економија. Говореше и за Договорот од Преспа, но не даде изјава за дополнитлени прашања за медиумите.
И двете партии не ги откриваат можните кандидатите за шеф на државата. Од ВМРО ДПМНЕ не кажуваат кој друг освен Ѓорчев се пријавил на огласот за кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ . Велат огласот трае до 31 јануари, а партиската конвеција ќе се одржи на 16 февруари кога и ќе се знае официјалниот кандидат . Кој е кандидатот на СДСМ ќе се знае на 3-ти март. Вчера Централниот комитет ја започнал процедурата за кандидат за претседател која ќе заврши до конгресот кога и ќе се избира кандидатот на СДСМ за претседател.
Елена Ивановска Мукоска