Неизвесна средбата на работните групи за ЈО

Неизвесно е дали денеска ќе има средба на работните групи за законот за јавно обвинителство.

Попладнево се очекува средба на партиските претставници кои ќе треба да ја утврдат динамиката на понатамошната работа на работните групи за законот за јавно обвинителство кој треба да се донесе во собранието со 2/3-тинско мнозинство и кој е обврска од ЕУ.

Од СДСМ вчера најавија дека ќе бараат 2/3-тинско мнозинство во Собранието и без поддршка од страна на опозицијата.

ВМРО – ДПМНЕ се противи за ова законско решение бидејќи, како што велат тоа ќе послужи за „вдомување“ на обвинителите од СЈО.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ