
Асани: пратениците не ме чекаа за гласање, Богоевски: колешката не можев да ја добијам
Пратениците од ДУИ отфрлаат одговорност за исходот од синоќшното гласање кое заврши 4 наспроти 4 и комисијата не донесе став за одземање на имунитетот на Трајко Велјановски, токму поради отсуство на пратеник од нивните редови, кој требаше да го даде клучниот глас. Топката ја префрлаат кај другите пратнеици кои пред време гласале.
Координаторот на пратеничката група Ејуп Алими на својот фејсбук профил тврди дека вечерта за време на 2 часовната пауза на пратеникот Агим Шакири му се слошило и завршил во Клиничкиот центар а докторите инсистирале да остане во болница. Испратиле возач во Гостивар за да ја земе неговата заменичка во комисијата, пратеничката Мирсада Емини Асани но во меѓувреме без да ја почекаат претениците во комисијата во 21 и 30 гласале. Шакири денеска беше недостапен на неговиот телефон а слично објаснување ни даде и Емини Асани.
Не знам зошто не ме почекаа и порано гласаа. Договорот беше да се гласа во 23 часот. До тогаш јас од Гостивар ќе стасав. Координаторот на ДУИ цело време беше во комуникација со колегата што беше болен. Кога го задржаа се договоривме јас да одам и чекав кола да ме земе, рече Емини Асани.
Претседателот на комисијата за мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски потврдува дека првичниот договор бил да се гласа во 23 часот. Но откако му се слошило на Шакири комуницирал со координаторот на ДУИ и се договриле дека ќе се обидат да ја добијат пратеничката Асани и да ја донесат во Скопје.
Јас се обидов да ја добијам неколку пати но не успеав да разговарам со неа и нема в потврда дека со сигурност ќе дојде. Ако го оставев гласањето за 23 часот ризикував седницата воопшто да нема кворум, затоа што се што требаше да направат пратениците од ВМРО ДПМНЕ е да излезат од салата и да не гласаат и ако колешката не беше дојдена ќе немавме кворум за гласање. Во оваа ситуација единствено полоша работа од тоа комисијата да нема став, е комисијата да нема кворум да не гласа и да не може даподнесе извештај. Ако ние вчера не гласавме и не поднесевме извештај денеска претседатлеот Џафери немаше да смее да закаже седница, изјави Богоевски за Телма.
Ситуацијата пата /пата при гласањето за имунитетот на Велјановски отвори нови толкувања и дилеми дали Собранието треба да расправа за одземањето на имунитетот или целата приказна завршува во комисијата.
Од СДСМ не сакаат да го коментираат отсуството и објаснувањето на Асани но сметаат дека тоа што комисијата нема став за имунитетот на Велјановски не е пречка за ова прашање да се дискутира на пленарна седница. Мислењето на комисијата велат не е услов за да има пленарна. Собранието одлучува по барањето на судот за одземање на имунитетот, велат пратнеици од СДСМ.
Според ВМРО-ДПМНЕ исходот од синоќешното гласање укажува дека на Велјановски не треба да му се одземе имунитетот и за тоа пратениците понатаму не треба да расправаат. Од опозициската партија велат гласањето во комисијата покажало дека пратениците не се сигурни дека на Велјановски треба да му се одземе имунитетот.
Пратседателот на Собранието Џафери го има конечниот збор, но има дилема дали треба да закаже седница затоа што комисијата не дала конкретен предлог заклучок, но и ваква ситуација не е предвидена во деловникот. Одлуката ќе ја донесе во координација со службите. Одлуката ќе ја донесе во координација со службите но рокот од три дена истекува на полноќ.
Пратениците се уште на пленарна не гласале ниту за имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски иако уште пред три недели помина на комисија. На 4ти февруари беше отворена оваа точка и на седница која беше прекината и од тогаш не е закажано продолжение.
Елена Ивановска Мукоска