Неизвесна оценката на обвинението за организаторите на насилниот упад во собранието од 27-ми Април

Оценката на обвинението за организаторите на настаните од  27-ми Април , кое требаше денеска да започне во 9 часот и 30 минути е презакажана.

Причина за одложувањето е фактот дека скопскиот апелационен суд не донел одлука по барањето на адвокатите да биде изземена судијката Оља Ристова.

Адвокатите на минатото рочише укажаа дека судијката Ристова наводно претходно имала предмет кој е поврзан со истиот настан, па законот не дозволува таа да учествува и во оценка на обвинението за овој настан.

Исто така проблем им беше и тоа дека ставила лајк на фејсбук профилот на нејзиниот брат на веста дека е уапсен екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски кој е и обвинет како организатор на насилните инциденти во собранието.

Оценката е презакажана за во 12.30 и се очекува апелациониот суд да донесе одлука до тогаш.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ