Неизвесен стартот на Комисијата за национално помирување

Кога ќе се формира собраниската комисија за помирување, од каков тип ќе биде, на што точно ќе се однесува, кој ќе претседава а кој ќе членува  во неа? Сите овие прашања денеска останаа без одговор. Претседателот на Собранието е службено во Чешка и додека не се врати, нема ниту да бидат одговорени. Во меѓувреме, од мнозинството тврдат дека немаат ништо конкретно на хартија. Ги повикуваат ВМРО ДПМНЕ, да се приклучат кон иницијативата за национално помирување. Откако ќе се формира, Комисијата ќе одлучи и дали помирувањето ќе биде само за настаните од 27-ми април или и пошироко.

Од ВМРО ДПМНЕ се скептични околу формирањето на Комисијата.

Од БЕСА изјавија дека ќе учествуваат во работата, но првин сакаат да видат какви се контурите на Комисијата.

Идејата за формирање на вакво тело дојде од мнозинството, откако пратениците од опозицијата кои гласаа за уставни измени, побараа да се прифати предлогот на премиерот за помирување и простување за настаните од 27 април.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ