Неизвесен договорот за името?!

Грчаката влада неофицијално информира дека се уште нема можност да се постигне договор за спорот со името, јавува весникот „Независен“.

„Македонската влада не е во можност да излезе во пресрет на она што беше договорено на последната средба на министрите за надворешни работи во Брисел. Се одалечува можноста да се постигне договор во наредните денови меѓу Атина и Скопје, а со тоа и да се реализира телефонскиот разговор меѓу премиерите Заев и Ципрас“, информираат грчки извори за „Независен“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ