Таравари го обвини СДСМ и ДУИ дека ја опструираат општина Гостивар

Мнозинството на советот на Општина Гостивар  не покажува добра волја да го стави на дневен ред ребалансот на буџетот кој треба да се изгласа најдоцна до 15 јуни, обвини градоначалникот Арбен Таравари. Неизгласуавњето на ребалансот ќе донесе проблеми во функционирањето на општината.

Претседателот на советот на Општина Гостивар Насер Муслиу, рече дека мнозинството кое го сочинуваат ДУИ и СДСМ не го кочат донесувањето на ребалансот на буџетот. Според него постојано се бара соодветен термин за седница.

-Ние разговаравме со градоначалникот и тој инсистираше да се закаже седница на 6 или 7 јуни, што се покажа невозможно со оглед на тоа дека повеќе советници не се во Гостивар тие денови. Разгледуваме кој датум понатаму ќе одговара. Не вршиме никакви опструкции“, рече претседателот на советот на општина Гостивар Насер Муслиу.

Буџетот на Општина Гостивар редовно е жешка тема, откако Арбен Таравари седна на градоначалничката фотелја, а мнозинството на советот му припадна на ДУИ и СДСМ.

Во 2018-та година, препукувањата меѓу двете страни резултираше со недонесување на буџетот во предвидениот рок и општината мораше времено да се финансира три месеци. Буџетот пак за 2019-та година, беше изгласан во последниот рок,  а во текот на целиот процес на донесување му претходеа препирки и несогласувања.

Таравари за период од две години во два наврати остана и без ингеренции во областа на образованието, порада како што истакнуваа од надлежното министерство незаконски смени на диркеторски места во училиштата.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ