Неисправна водата за пиење во повеќе села во општина Дебрца

Инспекциските служби издадоа решенија за забрана за користење на вода за пиење во повеќе села и населени места во општина Дебрца, откако анализите на Центарот за јавно здравје покажале дека водата од локалните водоводи е неисправна за користење.

За катастрофалната состојба со локалните водоводи надлежните институции ја известиле општината Дебрца од каде добиле ветување дека ќе бидат обезбедени потребните количини на хлор за дезинфицирање на локалните водоводи. Дали тоа е направено ќе покажат новите анализи кои ќе бидат извршени во текот на идната недела.

Проблемот со исправноста на водата за пиење во руралните средини се провлекува со години, а една од причините е одбивањето на локалните заедници стопанисувањето со водоводите да го предадат на јавните претпријатија, бидејќи жителите тогаш ќе треба да плаќаат надоместок за користење на водата и одржување на системите.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ