
Неисплатените прекувремени часови се најголемата болка за текстилните работници
Текстилните работнички трупаат долгови кон банките, голем дел од нив неможат да си ги платат кредитите и сметките, од причина што платите им се ниски покажа истражувањето на Гласен Текстилец и Отворена Порта. 870 текстилни работници се анкетирани, од коишто 90 отсто се жени, а како најголем проблем ја посочуваат прекувремената работа, којашто не им се исплаќа од страна на работодавците. Граѓанскиот сектор на денешнава дебата понуди и решенија на институциите.
Ампева забележува дека институциите треба да работат во интерес на граѓаните, без разлика дали се работници од реалниот или државниот сектор. Во изминатите години се покажа дека работниците од истокот помош бараат од Гласен Текстилец, а помала доверба имаат кон синдикатите.
Истражувањето, но и решенијата кои ги направија овие две организации со европски пари ќе бидат испорачани на сите институции во земјава.
Викторија Димитрова Јованова