
Негативната на Ковид- 19 жена од Охрид на која и беше извадено мртво бебе во Скопје не била третирана соодветно?
Дали починатата родилка од Охрид, која е негативна на тестот за Ковид- 19 и на која, оперативно и беше извадено мртво бебе при породувањето, била вистински третирана? На социјалните мрежи се шири реакција на нејзина сосетка, која тврди дека жената 3 пати била враќана од Охридската болница, дека бебето било носено во стомакот 9 месеци и 3 недели, дека водењакот на жената и пукнал уште пред 3 дена и дека бебето толку време останало во матката без вода, а сепак таа била вратена од болницата, без да може да оди, поради силни болки.
Од Охридската болница велат дека ги превзеле сите мерки и во последните 3 месеци била 2 пати на преглед.
Општа болница- Охрид:
- Пациентката не поседуваше мајчинска книшка во која се евидентираат прегледите и испитувањата кај матичен гинеколог , во текот на бременоста. Пациентката рекла дека не посетувала матичен гинеколог поради лошата социо- економска состојба. На 31.03. во 01 часот по полноќ забележала истекување на жолто- зелена течност и болки. И покрај претходно дадениот совет од лекар –специјалист, пациентката не се јави на одделот до наредниот ден, кога се констатира дека нема срцева акција на плодот.
Откако вечерта и се слошило, таа веднаш била упатена на Скопска гинеколгија каде жената почина. Причините за смртта на родилката се испитуваат со обдукција, која е извршена на Институтот за судска медицина. Обдукцијата е направена во изолирана просторија , а е извршена на барање на ГАК.
Од ГАК велат дека пациентката не го знаела датумот на последната менструација, според кој се одредува гестациската старост на плодот и терминот за породување.
ГАК:
- На увид имавме само ултразвучен преглед од петтиот месец од бременоста и апроксимациски, според ултразвулните димензии на плодот и според терминот, со сигурност тврдиме дека станува збор за терминска бременост, односно за нејверојатно 40 полни гестациски недели.
А за третманот во Скопје, за кој соседката тврди дека наместо жената да биде породена со царски рез, била малтретирана со земање бриз за корона вирус, од ГАК велат дека процедурата налагала да се земе брис за Ковид- 19 кај пациентката со телесна температура од 39, 4 степени при приемот кај нив и со симтоматологија, каква што ја имала.
Бебето на родилката од Куманово, која е позитивна на корона вирус, е стабилно и во добра општа состојба. Земен му е брис и се чекаат рузултатите од тестот за корона вирус, дополнуваат од ГАК.
Сотир Трајков