
Негативен извештај на ГРЕКО
120 пратеници кои од политички причини одложија да го потпишат кодексот со правила за спречување конфликт на интереси. Антикорупциска со месеци без членови со празни канцаларии, и ниту еден предмет, и бавни законски измени за судовите и обвинителствата. Три причини и 14 од 19 незаврашни препораки за Македонија повторно да добие негативен извештај од Антикорупциската група за советот на Европа. Не потпишаниот кодеск од пратениците најголем трн во око за ГРЕКО.
Договорен на „Жан Моне“ во Охрид и изгласан во Јуни во законодавниот дом потпишувањето на кодекст претседателот на собранието Талат Џафери го одложи кога собранието ќе ги заврши процесите околу договорот со Грција и референдумот. ГРЕКО одново го отворил и прашањето за не работењето на антикорупциската и претходниот ангажман без да поведе постапка за ниту еден виоск функционер. Но, подобро и да не не добие нови членови по стариот модел на избор е укажувањето, пренесува Данава.
Критика стаса и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со толкување на извештајот дека Мaкедонија никогаш во миантото не добила негативна оценка за борбата во справување со корупцијата.
Македонија со мали разлики и незначителни унапредувања доби иста оценка и ланската година во спревдувањето на 19-те препораки зададени пред повеќе од 4 години. Изговорот од македонска страна дека законските измени за обвинителствата тапкаат во место е 2/3-от модел на носење законски измени, а единствен позитивен исчекор во извештајот е впишан на страната за спроведените законски измени за избор и унапредување на судиите. Македонскиот тим доби барање од ГРЕКО да достави извештај за напредокот на земјата во спроведувањето на препораките што е можно побрзо, но најдоцна до 30 јуни 2019-та година.
Павле Беловски