Нефункционално Собрание

Неаргументирани дискусии, бледи фоскули, меѓусебни конфронтации, носење закони без почитување на процедурата, се дел од забелешките наведени во четиримесечниот извештај на Инстититутот за демократија Социетас Цивилис. Набљудувани се седум пленарни седници и девет комисиски расправи. Најдискутирани се Законите за употреба на јазиците и за буџетот. Констатирани се деловнички неправилности при носење на Законот за јазиците.

Во набљудуваниот период од септември до декември 2017, Парламентот ја пропуштил можноста да израсне во форум каде одлуките се носат преку аргументирана дискусија, во која учесниците се сослушуваат и ги изнесуваат своите ставови. Дополнителен проблем е и неприсуството на опозицијата што придонесува да се носат неквалитетни закони.

Социетас цивилис заклучува дека Собранието воопшто не придонесува кон унапредување на вредностите на демократското општество и дека е неопходно парламентарните партии да вложат напори да го зацврстат политичкиот дијалог.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ