
Нефункционалниот колектор го загадува Охридското езеро
Нефункционалниот колектор и несоодветната канализациона мрежа се причина за загадувањето на водите од Охридското Езеро околу реката Грашница во населбата Воска каде од неодамна се поставени табли за забрана за капење, информира ЈП Проаква. Екипи на претпријатието изминатиот викенд работеле на отстранување на проблемот, но за целосна санација потребен е поголем зафат.
Во најлоша состојба се делови од колекторскиот систем на потегот од реката Грашница до населбара Далјан и околу Горица во должина од неколку километри, вели Алексијоски Изминатите две години Проаква инвестирала над 100 000 евра во поправка на делови од системот, но тоа ни од далеку не е доволно.
Колекторскиот систем со кој во моментов стопанисуваат општините Охрид и Струга на есен ќе премине во државни раце, а со ребаланс на буџетот ќе бидат обезбедени потребните средства за негово целосно санирање, најави владата.
Горан Момироски