Недоумица која е четвртата релевантна партија за платено политичко рекламирање

Со Уредбата на Владата радиодифузерите ќе може да емитуваат платено политичко рекламирање вкупно 14 минути на реален час програма.

Од нив, шест минути за двете најголеми партии од власта, шест минути за двете партии од опозицијата и две минути за партиите кои немаат  пратеничка група или воопшто немаат пратеници како и за независните кандидати.

Членовите на ДИК почнаа расправа но не донесоа заклучок дали треба да им се обратат на партиите за да самите одлучат кои се тие четири партии.

Уште поголема забуна внесува вчерашното упатство на Агенцијата за медиуми во кое се посочуваат само три партии: СДСМ и ДУИ како власт и ВМРО ДПМНЕ како единствена опозиција.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ