
Недостиг од кадри во прехранбената индустрија во Полошкиот регион
Полошкиот регион се соочува со недостиг на соодветни кадри од прехранбено па се до индустриско производство.
Сопственици на фирми, велат дека не можат да најдат работници а голем дел од лицата кои завршуваат образование, доаѓаат само со научена теорија а со практичната работа за прв пат се среќаваат кај нив.
Од Стопанската комора на северозападна Македонија, решението го гледаат во дуалното образование, преку кое идните работници за многу кратко време можат да се стекнат со знаење од практична област.
Професорот Абдулменаф Беџети, најголемиот проблем го гледа во иселувањето на млада квалификувана работна сила. Голем дел од неа е веќе замината од држава, затоа што не била цената и во нив сопствениците не сакале да инвестираат.
Според податоците на Агенцијата за развој на мали и средни претпријатија ЕСА од Тетово 87 % од активните баратели на работа во полошко се неквалификувани кадри ако се земе предвид фактот дека 60 % од нив се со незавршено основно или средно образование, а останатите се со гимназиско образование
Зоран Димовски