
Недостасуваат инспектори за екологија во Скопје
Во Град Скопје недостасуваат повеќе инспектори признаваат од градскиот Инспекторат.
Тие иако малку на број, успеале за неколку минути да излезат на терен во неделата кога индустриски материјал истече во Вардар и предизвика помор на риби.
Нивните колеги од Државниот инспекторат за животна средина, го добиле записникот откако се вратиле од службен пат, ден потоа.
Оттаму до крајот на неделава ќе дадат подетални информации околу казните за загадувачот и причинетата штета.
Сепак и покрај брзата реакција на инспекторите при еколошката катастрофа којашто му се случи на Вардар, раководителот на овој сектор не е сигурен дека малкуте инспектори можат да се справат со загадувачите кои ги има насекаде низ Скопје особено во периодот кој следи.
Телефонот на Инспекторатот ѕвони наjмногу од луѓе кои пријавуваат палење земјоделски површини во Ѓорче Петров и Сарај. Законот за управување со отпад вели дека највисоката казна за палење е илјада евра.
Петар Догов