
Не за тајните надоместоци во СЈО- доверливоста да се симне
Доверливите надоместоци во висина на месечна плата кои вработените во СЈО ги добиваат да ги кријат приватните и деловните тајни од бомбите треба да се отворат поради интерес на јавноста, смета директорот на дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Проблем е што Јанева е во притвор, а СЈО веќе нема прв човек. Платите според пресметките биле околу 80 илјади денари за обвинител, за Јанева околу 105 илјади денари, а во СЈО добивале и нешто над таа сума како месечен надоместок кој е таен поради доверливост на одлуката со која се утврдени.
Законот за обвинителство е потребен и доколку инспектори за безбедност на класиффицирани информации сакаат во СЈО да направат контрола како се чуваат документите кои се доверливи. Еднаш веќе била извршена контрола во СЈО, но уште пред 3 години од претходниот директор и се прегледувало како се чуваат бомбите.
Кај нас вообичаено се проверува само како се чуваат класифицирани материјали, а не и што кријат па зад тој превез се кријат и многу спмнителни работи. Праксата треба да ја смени новиот закон за класифицирани информации откако Македонија е веќе пред членство во НАТО, а ние ќе добиваме сензитивни информации и од Алијансата.
Поради НАТО ќе се намали и огромниот број на државни службеници и функционери кои имале безбедносни сертификати за пристап до НАТО доверливи инфорамции, во 2017-та таков сертификат имале околу 2 илјади луѓе, но сега е намален.
Миомир Серафиновиќ