Не стивнува врсничкото насилство во училиштата

Толпа од дваесетина ученици од Основното училиште Лирија минатата недела по завршувањето на часовите нападна неколку соученици на повеќе локации во градот. Неодамна во ходникот на ова училиште тројца ученици со тврд предмет претепаа друг ученик.

Ова са само дел од примерите на насилство во тетовските училишта, каде неретко се користат и ножеви.

Од СВР Тетово, велат дека се преземаат едукативно – превентивни активности за спречување на насилството меѓу учениците кое е загрижувачко.

Од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, велат дека голем дел од инцидентите меѓу соучениците биле надвор од училиштата. За учениците кои извршиле насилство во самото училиште изречени се најстроги педагошки мерки.

Психолозите и педагоците констатираа дека врсничкот насилство зема се поголем замав, пред се поради расправиите и физичкото насилство меѓу нивните родители, но и се почестите видео игри кои ги користат децата

Дополнителен проблем е тоа што во училиштата нема доволно кадар кој треба да работи со децата. Во секое средно и основно училиште најчесто има по еден психолог и педагог кој работи со децата.

 

Зоран Димовски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ