
Не се знае како пацинети на штипска ортопедија се заразиле со Хепатит Ц, опасност од ширење – нема
Ниту контролите на инспекторите на Државниот здравствен санитарен инспекторат не го открија изворот на заразата и како шестте поранешни пациенти на штипска ортопедија се заразиле со опасниот Хапатит Ц.
Преземени се сите потребни против епидемиски мерки: проверка на исправност на стерилизатори, асептични постапки при третманот на пациентите, санитарно-хигиенска состојба на објектот, предоперативен скрининг на пациентите итн. При надзорот не се утврди потреба за иницирање на дополнителен стручен надзор, велат од ДСЗИ.
Заболените пациенти се пријавени во периодот од 9 јули до 15 август, а според Центарот за јавно здравје ова се и единствените пациенти со овој вирус во текот на годинава. Останува се уште не разјаснето дали некој од пациентите и претходно бил носител на вирусот. Станува збор за повозрасни граѓани, од различни градови на истокот. Заеднички им е што претходно биле пациенти на ортопедија, едни оперирани, а дел и неопрерирани. Откако е откриена заразата од инфективното одделение, болницата од 1 септември ги смени и протоколите за предопративни зафати.
На веб страницата на Институтот за јавно здравје стои дека во земјава лани се регистрирани 35 случаи на новозаболени со Хепатит Ц.
Викторија Јованова