(Не)демократијата ги брка младите од државата?

Младите си одат од државата затоа што сметаат дека тука не можат да го искористат својот потенцијал, а  демократијата, меѓу другото, значи и еднакви шанси за сите, еднаквост пред законите, слобода на изразување и активизам. Оттаму, во Македонија се` уште не може да се зборува за развиена демократија. Ова е само дел од заклучоците од денешното одбележување на меѓународниот ден на демократијата, од страна на Клубот за младински политики во македонското Собрание.

Претседателот на Собранието рече дека го охрабрува младинскиот активизам, затоа што верува дека, демократијата е ранлива без учество на младите.

Младите потсетија дека, на прашањето, има ли демократија во државата, не може да се одговори со да или не. Но, е важно граѓаните да бидат гласни, да критикуваат гласно, а институциите да ги слушаат и прифаќаат тие критики, затоа што, само така се доаѓа до вистинска демократија.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ