НДП се повлекува од владејачката коалиција со СДСМ?

Потпретседателот на Собранието, Весел Мемеди закажа конференција за медиумите, но потоа ја откажа и реши да го чека исходот од денешната собраниска седница. Мемеди кој е од партијата Национална демократска преродба, која е коалициски партнер во владата, најави дека денеска ќе го каже својот официјален став доколку се реализира  планот на премиерот Заев за новите министри.

Неофицијално, НДП се повлекува од колацијата, поради одлуката да им биде одземено единственото министерско место во Локалната самоуправа. Наводно, по ова решение, односите меѓу НДП и СДСМ се влошени. На вчерашниот состанок на Општинскиот совет во Гостивар, советникот на НДП го напуштил состанокот и како последица на тоа, локалното мнозинство СДСМ-ДУИ останало без мнозинството гласови.

Инаку, во времето кога беше формирана Владата на Заев, гласот на НДП во Собранието, беше потребниот глас за да се формира новото парламентарно мнозинство. Како последица на тоа, Мемеди беше назначен за подпретседател на Собранието, додека пак неговите сопартијци добија едно министерство и повеќе функции во третиот и четвртиот ешалон.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ