НБРМ ја намали проекцијата за раст на 2,3 %

Централната банка направи надолна корекција на економскиот раст. Наместо очекуваните 3,2 % во април, стапката на раст сега е проектирана на 2,3 %. Причина за намалувањето на проекциите според гувернерката Анита Бежовска се слабите остварувања во делот на инвестициите во првата половина од годината. Нo растот на економијата и во иднина ќе биде условен од инвестициите, како и од домашните политички случувања.

Најголем ефект на растот оваа година ќе има нето извозот а во годините што следат главен двигател ќе биде домашната побарувачка. Со закрепнување на економија во 2019 година се очекува раст од 3,5 %, во 2020 год 3,8 % раст а во 2021 година БДП ќе биде 4 %. Јавниот долг кој за три квартали достигна 48,2 %, според Бежовска не е ризик за домашната економија. Но во периодот што следи вели таа, треба да се внимава со задолжувањата.

Според есенеските проекции на НБРМ нагорна ревизија оваа година ќе имаат цените на нафтата, храната и металите, но надолни се очекувањата за 2019, инфлацијата ќе падне на 1,6%. Проекциите за раст на Светска банка се дека тој годинава ќе биде 2,3 %, ММФ проекцијата ја намали на 1,6% а Министерството за финансии од 3,2 на 2,8%.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ