
НБ транс и годинава ќе го чисти снегот, од Македонија пат ќе доие 1,5 милјони евра
Милион и петстотини илјади евра. Толку тежи годинешниот договор за чистење на снегот и е за околу 200 илјади евра помалку отколку ланскиот. Но годинива најголемиот дел од работата за патиштата низ целата земја ја зема НБ транс Компани од тетово, истата фирма која веќе неколку години по ред е прва на тендерот кој го распишува Македонија пат. Само еден дел од обврските за чистење е на кавадаречката ЈА МИ експорт импорт која од колачот зема 16 милиони денари или 265 илјади евра. Таа како и лани ќе има обврска да го чисти снегот на патиштата за кои е надлежна велешката подружница на државното претпријатие. Договорот Македонија пат го склучи на 3 ти декември 2018 но дури денеска е објавен на страницата на електронски јавни набавки. Од она што уште може да се види е дека на огласот кој го распишало претпријатието како што и до сега беше пракса така и сега конкурирала само една фирма а тоа е онаа која и го добила тендерот. Освен за чистење на снегот МАКедонија пат поворно купува и ризла и тоа во вредност од 230 илјади евра. Најголемиот дел од ризлата е набавена од велешка фамаком а демирхисарската подружница на македонијапат ја купила ризлата од димакс рудници. И овие тендери се реализирани уште во средината на ноември но сега се јавно објавени. Македонија пат инаку лани набави неколку нови машини за чистење на снег, но сепак годинава повторно распиша оглас за изнајмување на камиони од приватни фирми. Според дел од пресметките сумата од ангажирање на туѓата механизација во само една сезона би била доволна за да се купат повеќе од пет возила годишно.
Инаку освен државното претпријатие и неколку општини ангажираат приватни фирми за чистење на снегот од улиците низ градовите. Така град Скопје за две сезони, ланската и оваа ќе потроши 800 илјади евра за ангажирање на скопската фирма Аполо Инжињеринг. Општина карпош предвидела 130 илјади евра за Анизор драшко од Сарај за да го чисти снегот. Истата фирма е надлежна и за општина центар и кисела вода каде договорите тежат по околу 80 илјади евра. Општина Велес добило најевтино одржување на улиците во зимски услови, со изгрев инжињеринг склучила договор за нешто повеќе од 11 илјади евра.
Билјана Николовска