Националните телевизии во правна битка против пиратеријата и повреда на авторски права

Мора да се стави крај на дивеењето со пиратеријата и кршење на авторските права. Провајдерите и кабелските оператори не смеат да пренесуваат телевизиска програма  без регулирани авторски права во земјава, вели адвокатот Сашко Дуковски. Тој во име на Телма ја поднесе кривична пријава за Оне Вип за повреда на авторски права, поради неовластено реемитување на бокс мечеви, за кои Телма ги има купено ексклузивните права.

Адвокатот најави и проширување на кривичната пријава. Почнавме правна битка, бидејќи Телма трпи штета, потенцираше адвокатот, откако утринава директорот на Телма даде исказ во обивнителството, во својство на оштетен.

Во тој период кога Телма е екслузивец за бокс мечеви си дозволил некој неосновано да врши пиратирање и реемитување на тој бокс меч. И иако му е укажано при инспекциски надзор дека ги нема регистрирано тие права, тој си продолжува да го чини кривчното дело. Во Америка пиратеријата е федерално кривично дело за кое се запретени брутални казни и големи парични оштети. Сметаме дека целата постапка е јасна и со докази поткрепена и се надеваме дека со оваа кривична постапка конечно ќе се стави ред во етерот на Република Македонија и секој што сака да емитува за тоа мора да ги има регулирано авторските права, вели Дуковски.

Од Македонската медиумска асоцијација во која ја членуваат петте национални телевизии, велат нивната програма е со целосно регулирани авторски права, за разлика од кабелските оператори кои работат спротивно на законот. Најавуваат дека се решени да ги заштитат авторските права и да не дозволат реемитување на телевизиски содржини за кои не се платени правата.

Би сакал да кажам  дека ова е прва од низата криивчни пријави што ќе следат  за комуникациски оператори од ММА, но и конкретни телевизии одделно ќе тужат за повреда на авторски права, бидејќи штетата што се врши на медиумски пазар е огромна. Огромни пари се одлеваат од Република Македонија во регионот за контент за кој никој не платил пари и на крај штета трпат телевизии, нашите вработени, медиумски работници, новинари, вели Кировски.

Кировски вели дека станува збор за сериозно прашање од јавен интерес. Тој ги повика ЗНМ и синдикатот на новинари да се приклучат, бидејќи како што вели, борбата е да не дојде до затворање на медиуми, поради штетите што ги трпат и да не дојде до тоа медиумски работници да останат без работните места.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ