НАТО очекува Собранието да го заврши процесот околу името

На македонското собрание е да го заврши процесот за имплементација на Договорот од Преспа и да ја внесе земјата во НАТО. Кратка и јасна беше пораката на генералниот секратар на НАТО Јенс Столтнеберг дадена за Македонија по состанокот на министрите за надворшени работи на земјите-членки на НАТО на кој се дискутирало  за Западиот Балкан.

Сојузниците разговараа за прогресот кој Скопје го правио кон членството во НАТО. Пристапните преговори веќе започнаа. Сега е на парламентот во Скопје да го заврши процесот и да ја зграпчи оваа историска шанса да ја внесе земјата во Алијансата, изјави Столтенберг.

На состанокот присуствувала и Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, што Столтенберг го нарече споделена посветеност на двете организации за стабилност и безбедност на во регионот.

Алијансата очекува Преспанскиот договор да биде комплетиран до средината на јануари, по што би се потпишал Придружниот договор и би започнал процесот на ратификација, по кој се очекува Македонија да стане полноправна членка на пролет 2020 година. Во овој период земјава треба да поднесе Програма за реформи и да ја спроведе за време на процесот на ратификација.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров по денешниот министерски состанок изјави дека постои консензуална поддршка кај земјите-членки за членство на Македонија во НАТО и го потврди терминот за полноправно членство.

Димитров притоа вели дека за Македонија членството во НАТО значи останување во географски граници на стабилност и предвидливост што го носи членството во Алијансата. Тој информира дека на ниедна од билатералните средби кои ги имал изминативе два дена во Брисел со колегите од земјите-членки имал не добил ниту една забелешка, а не била изразена ниту недоверба во владеењето на правото. Неофицијално министрите на НАТО констатирале дека реформите со владеење на право во Македонија се одвиваат добро.

Попладнево шефот на дипломатијата Димиторв и министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Европската комиија треба да се сретната со Могерини и еврокомесарот Јохане Хан.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ