
НАТО и посака добредојде на Северна Македонија на министерскиот состанок
Македонија го зазеде своето место во НАТО, но засега без право на глас. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска за првпат ја претставуваше земјава на министерскиот состанок на НАТО, каде им се придружи на своите 29 колеги од земјите-членки, но без право на глас.
Дозволете ми да започнам со посакување добродојде на министерката за одбрана Радмила Шекеринска од Република Северна Македонија. Навистина ни е големо задоволство што сте тука да учествувате за првпат како поканети на состанокот на министрите за одбрана на НАТО. Добродојдовте“,порача Столтенберг.
Шекеринска и Столтенберг во рамки на министерскиот состанок имаа и билатерална средба по која тој рече дека му е мило што веќе не мора да ни се обраќа со терминот „вашата земја“.
Убаво е да се знае дека нема повеќе да ви се обраќам со вашата земја, поради долгото и тешко име, туку ќе ви се обраќам со Република Северна Македонија. Ова е голем момент за сите нас, рече Столтенберг.
Тој и оддаде признание на владата за направениот прогрес, но и покажаното лидерство, кое резултирало со поканата од НАТО за учество на министерскиот состанок.
Видов како вчера се подига знамето на НАТО пред зградата на владата во Северна Македонија. Навистина го очекувам денот и ние да го направиме истото, да го кренеме вашето знаем пред НАТО заедно со другите 29 знамиња на земјите-членки, рече Столтенберг.
Шекеринска од своја страна му се заблагодари на Столтенберг за поддршката и помошта која НАТО постојано и ја давало на земјава.
Ова е доказ дека политичката храброст се исплатува, дека промени се можни дури на Балканот, дури и во вакви времиња. Исто така докажува дека нема замрзнати проблеми, туку само замрзнати решенија. Покажавме дека сме способни да најдеме вистинско решение и ова е наградата, не само за мене и мојата влада, туку и за нашиот народ, рече министерката Шекеринска.
Таа пред Столтенберг даде уверување дека земјава цврсто ќе продолжи со активности, и мерки за заедничка стабилност. За Шекеринска примерот на Македонија покажува дека политиката на отворени врати на НАТО не се само зборови.
Тамара Грнчароска