Наставничка оставала третооделенци сами без надзор ?

Наставничката Надица Мицкоска на два пати ги оставала учениците од 3-Б одделените од ОУ „ Димитар Миладинов“, сами во училишниот двор по ручекот и заминувала дома да си го види бебето, се жалат револтирани родители на учениците. Мицкоска е во редовен работен однос, а предава како замена на друга наставничка која е на породилно отсуство. Родителите во известување до повеќе надлежни институции се жалат дека Мицкоска не обезбедила надзор над учениците од друг наставник и ги оставала децата сами на себе.

  • На ден 21.03. 2019 година и на ден 22.03.2019 година, по училишниот ручек наставничката Надица ги изнела децата во училишниот двор и по некое време, истата им рекла на децата да не мрдаат, дека таа ќе се врати.Во двата случаи, наставничката Надица , не врши примо-предавање на децата со друг наставник, ниту пак  на децата им кажува, доколку на некое дете нешто му треба, кај кој наставник да се обрати.

Во дописот родителите додаваат дека кога тие лично и се обратиле на наставничката за пропустот, таа бурно реагирала и се карала со нив, со образложение дека учениците измислувале зашто биле оставани со друг наставник. За случајот побаравме , но не добивме одговор од директорката на училиштето.

  • За проблемите на учениците од 3-Б одделение со наставничката Надица Мицкоска, одговор побаравме од директорката на училиштето „ Димитар Миладинов“, Маја Ангелова. Но обезбедувањето ни рече дека таа не е во училиштето, дека е на состанок надвор од зградата и дека нема да се врати во скоро време.

Родителите го испратиле известувањето до Управниот одбор на училиштето, до Народниот правобранител,  Првата Детска амбасада, до Општина Центар и до Државниот просветен инспекторат. Од таму рекоа дека ќе постапот по претставката.

  • Од наша страна ќе биде извршен инспекциски надзор. Имаме веќе задолжено инспектор кој ќе ја спроведе постапката . Зависно од тоа што ќе биде утврдено како фактичка состојба , ќе бидат превземени соодветни инспекциски мерки.

Од Општина Центар исто така потврдија дека ќе побараат надзор од Просветниот инспекторат и најавија средба со родителите следната седмица, за надминување на проблемот со наставничката.

 

Сотир Трајков

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ