
Наставата продолжува на интернет
Низ видео лекции со презентација и нарација на наставник кои траат 15 минути и разработка на методски единици наставата продолжува на интернет. Станува збор за унифицирана веб платформа која ја изработува МОН во соработка со Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ наречена електронска училница. Во креирањето на оваа платформа ќе бидат вклучени и наставниците.
Секоја образовна установа индивидуално ќе одлучува за формата на далечинско образование, но што со оние ученици кои немаат компјутер и како ќе изгледа он лине наставата во оние региони во кои нема пристап до интернет.
Бирото за развој на образование веќе изработува упатство за начинот на оценување и наставниците ќе добијат инструкции, вели Адеми. Во претстојниот период во зависност од околностите ќе се донесат и одлуки за налинот на кој ќе се полага државната матура и уписот на факултетите, додаде Адеми.
Нина Стефанова