Насилниците врз жени и девојки ќе се гонат како сторители на кривично дело

Насилниците врз жени и девојки ќе се гонат како сторители на кривично дело и за нив ќе има и затворски казни, ова се новините, коишто Македонија согласно ратифукаваната Истамбулска конвенција треба да ги вметне во законите. Невладината „Ехо“, која работи на пилот проект во општините Штип и Струмица, забележува дека системот за заштита на жени и девојки, коишто се жртви на насилство има пропусти. Најслабата алка од институциите се социјалните служби, кои се натрупани со други обврски.

Теренските истражувања покажуваат дека жените и девојките во руралните средини не се информирани и незнаат дека институциите можат да ги заштитат од насилниците. Во новите законски измени освен физичкото ќе се третира и психичкото, потоа насислство на работно место, јавен простор, а најновото е сајбер насилството, кое се случува на социјалните мрежи. Посериозни анализи за бројот на жртви се правени во 2015 година, а во рок од три до четири години се случиле и над 30 фемициди, односно убиство на жена, заради тоа што е жена.

Бесплатната правна помош за жртвите на насилство е еден од инструментите за заштита, но новите законски измени сеуште чекаат да се донесат.

Постојат неколку шелтер центри низ земјава, во кои се згрижуваат жртвите. Колкави ќе бидат казните за насилниците треба да се изјаснат експертите. Хрватска и Србија се неколку чекори напред, каде што сторителите веќе и кривично се гонат за насилство врз жени и девојки.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ