
Населба од среден неолит отркиена кај струмичко Костурино
Цивилизација стара 7.500 години пронајдоа струмичките археолози кај селото Костурино. Во полето помеѓу насадите на локалното население се појави населба од среден неолит во која веќе втор месец траат истражувањата. Станува збор за локалитетот Орниче под планината Беласица.
Директорот на струмичкиот музеј се надева дека истражувањата ќе продолжат и следната година, но вели дека мора да се подобрат комплетните материјално-технички услови, затоа што музејот има сериозни проблеми и недостатоци за нормална работа.
Подрумите на струмичкиот музеј се полни со артефакти што не се изложени, а голем дел не се ниту обработени. Од управата на институцијата велат дека конкурираат за европските фондови за дел од нивните проекти, но бараат сериозна заложба од министерството, за решавање на наталожените проблеми.
Сузана Мицева