
Насeлбите Аеродром и Ново Личисе без струја
Граѓаните на населба Аеродром и Ново Лисиче јавуваат дека во речиси целата населба нема струја.
Неофицијално, има дефект со трафостаницата на МЕПСО, и доколку за половина час не се отстрани дефектот од страна на МЕПСО, корисниците од Аеродром ќе бидат префрлени на друга трафостаница и ќе добијат електрична енергија.
Пристигна и соопштение од МЕПСО:
Во националниот диспечерски центар во 19:02 часот е регистрирана безнапонска состојба на извод што ја напојува општина Аеродром од трансформаторската станица „Скопје 4“. Безнапонската состојба траела до 19:20 часот кога Операторот на дистрибутивниот систем од друга страна го обезбедил напојувањето за населба Аеродром.
Екипи на МЕПСО се на терен за утврдување и отстранување на дефектот.