
Наредните денови ќе биде пуштена првата и единствена пациентка од Гостивар со Ковид 19 доколку и понатаму и се подобрува здравствената состојба
Во гостиварскиот регион нема нови случаи на заболени од Ковид – 19, а состојбата во трите општини е под контрола, ова е оценката на Кризниот штаб. Бараат од банките да воведат ред, а граѓаните да го почитуваат. Советуваат оттаму раководствата на експозитурите да го засилат обезбедувањето кое ќе воспотавува ред. Најавија дека наредните денови од болница ќе биде пуштена првата и единствена пациентка заразена од ковид, но доколку и понатаму и се подобрува здравствената состојба, инормираше кризниот штаб