На Скопски саем ќе никне голем шопинг мол и 4 станбени згради

Напролет идната година ќе почнат градежните работи во рамки на комплексот „Ист Гејт“, кој ќе се гради на поранешниот Скопски саем. Ќе се гради голем трговски центар, и четири станбени згради, кои се во план да се завршат до крајот на 2020. Инвестицијата е 350 милиони евра и ќе се реализира на вкупна површина од 500.000 метри квадратни. Покрај сопствените средства на инвеститорот, финасиери ќе бидат неколку домашни банки, а се преговара и со една странска банка. Овој комплекс ќе се гради на местото на Скопски саем, кој поради проблемите во кои западна, го остави без саем главниот град на земјава. Комплексот е една од позначајните инвестиции која во неколку наврати ја најавува премиерот Зоран Заев.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ