Напнато на Таргет- Мијалков го распрашуваше поранешниот колега Трајковски

Зад псевдонимот Лијаве во УБК се криеле преслушувани разговори на бизнисменот Велија Рамковски. Називите на нелегално прислушуваните таргети биле комбинација на слогови од името. Вака сведокот од УБК Сашо Трајковски му одговори на едно од прашањата на поранешен директор Сашо Мијалков. Тој иронично го допраша сведокот како знаел дека станува збор за Рамковски и како баш него го издвоил од 20 илјади таргети во системот. Трајковски кој во тоа време бил на позиција инженер објасни дека интервенирајки на дефект во серверот случајно наишол и откако го кликнал аудиото слушнал како еден од  соговорниците вели Добро утро г-ине Рамковски.

Мијалков сакаше да го дискредитира сведочењето на Трајковски од претходните рочиште. Се обиде низ прашања да фрли сомнеж дека Трајковски знаел за дејствијата на свиркачите од УБК Ѓорги Лазаревски и Звонко Костовски, кои ги изнесоа прислушуваните разговори од Управата, но Трајковски негираше. Поранепниот прв разузнувач го праша сведокот зошто ако забележал дека има разговори без судска наредба не му пријавил нему како директор Трајковски одговори дека не се осмелил да му каже, затоа што забележал дека комјутер од канцеларијата на Мијалков има пристап до папката со назив Важно во која биле и дел од нелагално прислушуваните разговори.

С. Мијалков: Дали имате докази за ова што го кажувате?

С. Трајковски: Јас сум сведок. Обивнителството и одбраната треба да даваат докази.

С. Мијалков: Дали јас сум можел да пристапам до своите разговори и да се слушам самиот себе?

С. Трајковски: Да.

С. Мијалков: Дали значи дека сум уживал да ги слушам сопствените разговори и не сум ги отстранил?

Ова прашања судијката не го дозволи. Повеќе пати му реагираше на обвинетиот Мијалков дека не ги фромулира прашањата како што треба, за да бидат вкрстени прашања а му реагираше и дека го прекинува сведокот и не му дозволува да се искаже. Мијалков ги коментирапе и дел од одговорите на сведокот, на што судиите му кажаа забелешките да ги чува за во завршен збор. На моменти во судницата можеа да се слушнат досетки и шеги во а на моменти се вжештуваше атмосферата и во исто време говореа повеќемина на висок тон. Мијлков при крај нервозно искоментира кон судиите: Кажете да не се браниме ако не треба, донесете пресуда и готово.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ