
Напната атмосфера во Советот на Гостивар, СДСМ и ДУИ ја напуштија седницата
Напната атмосфера и негодување владееше на денешната седница на советот на Општина Гостивар, се додека опозиционите советници од ДУИ и СДСМ не ја напуштија седницата.
По нивното заминување, експресно беа изгласани стотина точки од разни области.
Зоран Ангелов од СДСМ новиот совет кој доби мнозинство со гласот од Демократските сили на ромите го поистовети со коалициите и победите кои ги најавува Амди Бајрам со познатата негова фраза 102,3 %
На оваа изјава Салиу од Демократските сили на ромите кратко реплицираше од говорницата.
Поради политичките препукувања на Алијансата за Албанците од една и ДУИ од друга страна, и минатиот и овој совет на Општина Гостивар или е блокиран или пак носи одлуки само со гласовите од мнозинството, без разлика од која партија е формирано.
Зоран Димовски