
Напаѓачот на Шеќеринска бара амнестија
600 осуденици до сега излегле од зад решетки а уште речиси 200 ги чекаат решенијата за амнестија од судовите за да излезат на слобода. На останатите затвореници за кои важи амнестијата, казните им се намалуваат за 30 проценти.
Но ред чекаат и дел од правосилно осудените кои се уште не започнале со издржување на канзите. И Панче Ангелов осуден за насилство на министерката Радмила Шекеринска минатата недела побарал амнестија. Неговиот адвокат за Телма потврди дека поднел барање до судот. Смета дека се исполнети условите неговиот клинет за добие 30 процентно намалување на казната со што наместо 4 години затвор неговата казна би се намалила на нешто под три години. Мегу познатите осуднеици кои излегоа од затвор се и Мариче Пецова од случајот Керозин и Авдиљ Јакупи Чакала.
На процесот на амнестија пристигнуваат и поплаки од осуденици од Идризово. Затвореник осуден за тешка кражба, кој се јави во телма обвинува дека не го пуштаат да излезе иако од пред 5 дена решението за негово ослуободување пристигнало
Од затворската Управа во Идризово ги негираат обвинувањата
Арифи обајснува дека 1000 осуденици му се намалува канзата за 30 отсто додека а до сега околу 328 се ослободени целосно со амнестијата од Идризово
Елена Ивановска Мукоска