Нападнатиот полициски службеник во Марино ќе врши препознавање на напаѓачите

Полицискиот службеник Филип Филиповски, кој во петокот со нож беше прободен од две момчиња во скопско Марино, ќе врши препознавање на напаѓачите, дознава Телма од извори во обвинителството според кои тој не го знаел името на човекот кој го прободел, но на дал опис како изгледа.

Од скопското обвинителство потврдија дека денеска добиле писмено известување од полицијата за крвавиот инцидент викендот во кој тешко беше повреден Филиповски. Во известувањето имало и записник а оштетениот опишал и како се случил настанот.

Обвинителстовто издало наредби за вештачење на траги од местото на настанот, вештачење на облеката на повредениот со цел да се види дали има траги од крв и на други учесници во инцидентот, но и вештачење на пронајдениот автомобил „Рено Сеник“.

За ова возило претходно таткото на повредниот Филиповски, рече дека напаѓачите кога се обиделе да избегаат по нападот, со нивното возило „Рено Сеник“ направиле сообраќајана незгода, при што е можно да биле повредени.

Еден од двајцата осомничени е син на советник во МВР и поранешен градоначалник на општина Петровец, Звонко Цветковски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ