
Нано Ружин: Шансите да омекне ставот на официјален Париз се 50-50
И Грција се вклучува во лобирањето за Македонија да добие датум за преговори со ЕУ. Дали ќе омекне цврстиот став на Макрон по средбата со грчките лобисти? Шансите се пола-пола вели за Телма поранешниот амбасадор Нано Ружин. Силна поддршка досега пристигна од Германија, Холандија и други членки на Унијата пред претстојниот самит на Советот на Европа во Брисел.