Наместо во изолација, ги нападнале соседите на улица

Петчлено семејство од Битола кое викендов се вратило од Италија влегло во физичка пресметка со своите соседи кои им кажале дека треба да седат во изолација а не на заедничката улица пред семејната куќа, соопшти локалното обвинителство. Инцидентот се случил вчера околу пладне.

„На обвинетите им била определена мерка за спроведување на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена по нивното пристигнување од Република Италија. Тие биле должни согласно издадените решенија од надлежните органи во периодот од 14 март 2020 година до 27 март 2020 година да бидат во домашна изолација и да не го напуштаат своето престојувалиште во Битола. На 18 март 2020 година, околу 12 часот, излегле од својот дом на улицата пред семејната куќа, вербално се расправале со соседите, по што двајца од обвинетите физички ги нападнале соседите и им нанеле телесни повреди. Со овие дејствија сите обвинети не постапиле по донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирус -ЦОВИД 19“, стои во соопштението на битолското обвинителство.

Од Обвинтелството соопштија дека ќе бараат парична казна од 100 дневни глобиво висина од по 20 евра во денарска противвредност

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ