Наместо промотори и аташеа, три канцеларии во клучни светски дестинации

Претходната Влада испрати 33 промотори низ светот да ловат странски инвеститори, оваа тоа нема да го парви, нема да испраќа ниту економски аташеа. Но не се откажува од промовирање на земјава, но тоа ќе го прави преку три канцеларии во три клучни светски дестинации, нема да имаат врска со амбасадите, а процесот ќе оди преку Дирекцијата за технолошките зони, Тврдат, ние сме мала земја и не можеме да очекуваме дека сите ќе не бараат, мора да излеземе и да ја преземнтираме поддршката за инвеститорите преку законот за таа намена. Промоторите, вели вицепремиерот Анѓушев, беа скапи и неефикасни, сместени во амбасадите предизвикуваа двојство на улогите, често и конфликтни ситуации. Уверува дека овој модел е многу поевтин, но не кажа колку пари тоа ќе ја чини државава. Подоцна од неговиот кабинет соопштија дека за центрите во буџетот за годинава се предвидени околу 500 илјади евра, а по формалните процедури и отворањето, канцелариите би почнале со работа од во последниот квартал од годинава.

Тоа ќе го направиме преку три конкретни центри, едниот во Америкја, источниот брег, едниот во Германија, Западна Германија, за да биде во Центарот на Европа, и едниот на блискиот исток и ќе имаат две цели, едната да ја промовираат нашата проиграма и другарта да ги промовираат нашите производи, вели Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.

Првите промотори земјава ги испрати во 2008, а до средината на 2017 година нивниот број достигна 33 јца во различни земји. Имале платио од 2 и пол до 3 илјади евра, а само во 2016 за нив се исплатиле 1,2 милиони евра. Владејачката СДСМ во изборната програма наведе дека ќе го напушти концептот на промотори, а најави дека ќе се избираат економски аташеа во амбасадите, но сега се откажува и таа идеја.

Економските аташеа требаше да одат преку МНР, требаше 2 год дипломатско искуство, ние таков кадар немаме и прибегнавме кон ова поевтино решение, вели Анѓушев.

Ова ќе повлече и нови вработувања, Владата ветува дека тоа нема да бидат партиски кадри, туку квалификувани луѓе, но нема информации колку лица ќе се вработат во трите светски канцеларии што ќе привлекуваат странски инвестиции.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ