Наместо 5 милиони за домаќинствата, на „црно“ се трошат 50 милиони литри „црвена нафта“

Наместо во печките – „црвената нафта“ заврушува во резервоарите на возилата. За да се задоволат годишните потреби за домаќинствата потребни се 5 милиони литри екстралесно масло за домаќинства, но статистиката покажува дека се трошат 50 милиони литри, потврдија за Телма од Регулаторна.

Јавна тајна е дека некои бензински го точат во замена за дизел гориво, но санкции за злоупотребите и покрај најавите – нема. Мобилната лабараторија со која одамна пазарните инспектори требаше да ги откриваат злоупотребувачите,се уште не е во нивни раце, туку ја делат со Бирото за метеорологија.

„Неколкуте контроли што ги направивме покажаа дека не можат да се вршат такви контроли, бидејќи исклучиво надзорот, записникот комплетно ДПИ  го прави и  нормално ако таа лабараторија беше кај ДПИ до сега ќе имаше направено многу контроли на горивата. Пазарен инспекторат треба на лице место да фати кога некој го злоупотребува екстралесното гориво. Во спротивен случај на снимени и кажани работи не можеме да постапуваме.“- вели Пауновски

За периодот пак кога е дозволена употребата на ова гориво, од 15 октомври до 15 април, но исклучиво за греење – никој и не контролира каде завршува.

Од 15 октомври до 15 април еве сега го немаме контролирано. Само кога е забраната за продажба на екстралесното гориво – вели Пауновски.

Дека преку злоупотребите буџетот губи најмалку 30 милиони евра годишно потврдуваат и од регулаторна. Велат важен е и еколошкиот фактор – токму екстралесното масло за домаќинство има 100 пати повеќе сулфур од обичниот дизел и е сто пати поголем загадувач.

„Овие злоупотреби доаѓаат од таму што екстралесното гориво има многу пониска акциза од дизелот и од тие причинина некој начин се случуваат овие злоупотреби бидејќи се користи за транспортни цели.

Изедначувањето на акцизата на екстралесното со дизелот ќе биде од корист на сите имајки во предвид дека со злоупотребата на екстралесното гориво некаде во буџетот на државата недостасуваат околу 30-тина милиони евра.“- вели Бислимоски.

Од регулаторна го поддржуваат предлогот на Стопанската комора за изедначување на акцизата на екстралесното гориво со дизелот. Но, од Владата се уште не се изјаснија за овој предлог. Инаку државата губи повеќе 11 денари по литар, од пониската акциза на екстралесното гориво кое се „троши “ како дизел.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ