
Намерно запалена отворената депонија покрај салата Борис Трајковски
Пожар од отворена депонија покрај салата Борис Трајковски, кој бил намерно подметнат според проценките на пожарникарите. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани 5 противпожарни возила и 12 пожарникари. Побарана била и помош на екипите од “Улици и патишта” на град Скопје, со чии возила се очекува пожарот да се изгасне до 18 часот.
Според командирот на противпожарната единица во Скопје, Владимир Кочовски, теренот зафатен со огнот не е лесно пристапен за возилата.
Екипите се обидуваат да пристапат до опожареното подрачје и преку кејот на Вардар и патеката за прошетки.
Не постои опасност да бидат зафатени околните објекти , затоа што депонијата е сосема одвоена од останатите објекти и нема да се шири пожарот, смирува Кочовски.