
Намалувањето на тарифите за извршување за социјално загрозените категории граѓани
Намалувањето на тарифите за извршување значително го намали бројот на вработени во Извршните канцеларии со што во прашање е доведена нивната ефикасност и работењето воопшто, алармира Комората на извршители. Иако за ефектите од одредени законски решенија, како што е намалувањето на тарифата за социјално загрозените категории граѓани, е се уште рано да се говори, дел од нив негативно се одразуваат на работата на извршителите, а постои и колизија со законот за извршување. Укинувањето, пак, на Заклучокот за извршување од страна на Уставниот суд, како евтин инструмент за реализација на побарувањата и задава сериозен удар и на економијата, предупредува Комората.
Северна Македонија беше пример за земјите во регионот, велат од Комората за извршување на Србија, според која измените во законот за извршување во нашата земја и тарифите се чекор назад во неопходните реформи за достигнување на европските стандарди. Оттаму коморите од земјите во регионот покренаа Балканска иницијатива за извршување, која, според нив, ќе ја олесни прекуграничната наплата и ќе придонесе за зголемување на економската соработка.
Затоа сметаме дека и владите ќе го препознаат тој интерес и со измена на законите ќе озвозможат лесно извршување во сите земји од ргионот, што позитивно ќе се одрази на зголемување на економската соработка. Апсолутно тоа позитивно ќе се одрази и на привлекување на странските инвестиции, затоа што гарантирањето на ефикасна наплатата на побарувањата е услов тие да се реализираат, а тоа нема да се случи доколку инвестициите се несигурни, Александра Трешњев – Претседател на Комора на извршители на Република Србија.
За Балканската иницијатива за извршување се разговара на стручниот собир што во организација на Комората на извршители се одржува во Струга, на кој стана збор и за актуелните состојби и проблеми, но и за новините како што е извршувањето над недвижен имот опишан во лист за предбележување, кој се однесува на изградба на нови станбени единици.