
Намалувањето на летовите на Визер нема да влијае на бројот на туристи
Во месец јуни оваа година Македонија ја посетиле 102.327 туристи, што е за 20, 7 отсто повеќе туристи за во споредба со истиот месец лани. Во првите шест месеци од годинава бројот на туристите е зголемен за 16,4 отсто во споредба со истиот период од минатата година при што кај домашните туристи има зголемување за 9,3 отсто, а кај странските за 19,8 отсто. Министерот за економија Крешник Бектеши појаснува дека намалувањето на летовите на ниско буџетската компанија Виз ер нема да влијае на растот на бројот на туристите кои ја посетуваат Македонија.
Од опозициската Вмро Дпмне на прес конференција обвинуваат дека Владата на СДСМ со укинувањето на летовите на Визер директно удира по џебот на граѓаните.
Од компанијата Визер преку соопштение соопштија дека летовите од Скопје до Барселона и Ваксјо и од Охрид до Лондон ќе функционираат само во летните периоди. Компанијата Визер се најде под истрага на Европската комисија (ЕК) на почетокот на 2016 година во врска со субвенциите што македонската влада ги дава на унгарската компанија и тогаш се бараше од македонските власти информации за поттикнување на нелојална конкуренција што може да го наруши договорот за Европскиот заеднички воздухопловен простор, чиј потписник е и Македонија.
Јордан Дуков