Предложен план за олабавување на мерките, за сега полицискиот час останува од 19

Комисијата за заразни болести за сега не предлага намалување или  укинување на  полицискиот час а владата за сега не размислува за тоа, но ја следи состојбата, порача министерот за здравство. На граѓаните кои преку социјалните мрежи се организираат да протестираат против полицискиот час Филипче им порача дека оваа мерка била клучна за намалување на трансмисијата на корона вирусоти ги повика  на средба.

-Знам дека е тешко и им благодарам на граѓаните и им честитам што издржаа, заради тоа што тоа беше вистинска инвестиција во сопственото и во колективното здравје“, Искрено верувам дека организаторите ќе го откажат протестот, заради тоа што сакам да се свесни. Би сакал и да поразговарам со организаторите да видам зошто сметаат дека треба да се укине полицискиот час и да ги презентираме вистинските научни аргументи зошто тоа го правиме. Ако дојде сепак до таков протест, верувам дека соодветните институции ќе интервенираат да биде барем со соодветните мерки, носење маски и да биде на дистанца, изјави Филипче

Тој денеска го презентираше и предлог плано за наредните три недели во кои фазно ќе попуштаат рестрикциите. Комисијата за заразни болести донела ваков план затоа што биле исполнети се трите клучни критериуми: бројот на репродукција на вирусот RO во земјава подолго време е  под еден што значи дека еден пациент заразува помалку од еден друг пациент во просек, вториот исполнет параметар е тоа што здравствениот систем се справуа со епидемијата а капацитетите во болниците не се целосно исполнети и нема голем број на пацинети на респиратор и трет парамеат е тоа што  над 80 отсто од случаите имаат епидемиолошка поврзаност.

Неделава се отвораат вратите на центрите за обука едукација и семниари на возрасни, авто школите и испитните центри , организација на седници на органи за управување и конференции, спортските тренинзи на отворено за индивидуални спортови, спортски обложувалници преку шалтер и моловите но без угостителска дејност. Следната недела во предвид е да се препорача и отворање на угостителските објекти со послужување, спортските тренинзи на отворено за колективни спортови, и повторно после епидемиолошката анализа и следење на состојбата следната недела после таа, игрите на среќа во казина, автомат клубови, тренинзи во затворени спортски објети и базени, работа на теретани фитнис клбови и хотелски објекти.

Сето ова треба да оди паралелно со носење заштитна опрема, одржување дистанца, дезинфекција, но и ограничен број на присутни и конкретни протоколи кои треба да ги усвои владата.

Конкретен датум нема ниту кога децата ќе можат да се вратат во градинките. Најрано за една недела. Прво треба да помине скринигот кој почнбува токму од таму а ке продолжи уште на 10 категории на граѓани , меѓу кои болници домови за стари лица, хронично болни, вработени во ЈСП. Ќе се користат ПСР тестови за откривање на вирусот, за да се избегне асимптоматски слуачи да ја прошират болеста.

Почна е олабавувањето и на здравствениот систем. Дел од клиникте веќе примаат и други пацинети а за две недели се планира сите да целосно да се вратат во функција.

Во однос на тајмингот за изборите,  Филипче не кажа конкретно кога би било најбезбедно но рече дека комисијата според бројките и стручните  анализите констатирале пред нас е стабилен и мирен период во кој здравствениот систем може да ја изменаџира сосотјбата со Ковид 19. Во следните два месеца значително ќе се намали ширењето на вирусот предвидуваат членовите на комисијата за заразни болести.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ